„Катимерини“: Спорот меѓу Белград и Скопје предизвикува загриженост во Атина

22.08.2017 | 10:02
Прочитано: 1666

Грчките дипломати со загриженост ги следат случувањата на Балканот откако Србија го повлече целиот персонал од својата амбасада во Скопје и ја обвини Македонија за „офанзивни активности“ во очигледниот гнев поради подобрувањето на односите на нејзиниот сосед со Косово, поранешната српска покраина, пишува електронското издание на грчкиот весник „Катимерини“.

Весникот наведува дека спорот доаѓа откако Скопје почнало повторно да се обидува да ја заживее својата кандидатура за членство во ЕУ и НАТО, по периодот на политичката нестабилност во земјата.

„Премиерот Зоран Заев формираше коалициска влада во јуни речиси шест месеци по изборите. Грција инсистира на тоа спорот со „ПЈРМ“ во врска со нејзиното официјално име да се реши пред таа да се приклучи во меѓународните организации“, пишува „Катимерини“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.