„Витаминка“ за 7,3 милиони евра го купува имотот од штипски „Брилијант“

14.02.2018 | 17:54
Прочитано: 6179

Витаминка од Комерцијална банка го купува имотот на штипски Брилијант. Прилепската прехрамбена индустрија планира да вложи 7,3 милиони евра во недвижен имот, земјиште, движни ствари и во права од индустриска сопственост. Станува збор за објекти од близу 5000 квадратни метри и земјиште со право на сопственост од околу 21.500 квадратни метри.

Имотот на некогашната фабрика за масло Брилијант е во сопственост на Комерцијална банка што ги добила како обезбедување за невратен кредит.

Од наши изворидознаваме дека брендот Брилијант ќе остане натеренот. Истовремено маслото за јадење ќе се користи како суровина за дел од производната палета на Витаминка.

Одлуката за вложување треба да биде потврдена на акционерското собрание закажано за 14-ти Март годинава. Во документите за Акционерското собрание објавени на веб страницата на Витаминка стои дека цел е модернизција на производството.

Се актуелизираше потребата за обезбедување дополнителни средства за финансирање на инвестициите во Друштвото поврзани со модернизација и автоматизација на техничко-технолошките процеси, комплементарност и интегрирање во производството и развој на нова група на производи, пишува во докуметите за акционерското собрание“, вели Одбор на директори на Витаминка

Фабриката за масло Брилијант пред една година отпушти најголем дел од 70 –те вработени. Раководството тогаш тврдеше дека тоа е привремено иако Фабриката беше ставена на продажба. Тогаш штипска транспортна компанија ги купи само ресторанот и Управната зграда.

 


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.