10 деца повредени во тешка сообраќајна несреќа

14.11.2017 | 20:39
Прочитано: 2666

Десет ученици од основното училште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар беа повредени во сообрајќајната несреќа која се случи на патниот правец Демир Хисар-Кичево. Возачот на автобусот полн со ученици налетал на комбе кое превезувало леб.

Во несреќата со тешки повреди завршил возачот на комбето и е задржан на лекување во битолската болница. Десетте ученици со полесни телесни оповреди по лекарската интервенција биле пуштени на домашно лекување.

„Во несреќата се повредени 12 лица, од кои10 деца и два шофери Десетте деца се прегледани, а едниот од шоферите е истотака прегледан ипратен дома, а другиот е со повреда на карлица и е задржан на ортопедското одделение.“ - вели Зоран Лазаров – директор на битолскиот клинички центар.

Екипи на СВР Битола веднаш излегле на терен и бил извршен увид на местото на несреќата.

„Околу 7.30, се случила незгода меѓу комбе со битолски регистарски таблички и автобус сопственост на правно лице во кои се превезувале 30 ученици.“ - вели Лефтерија Миленкоска – портпарол СВР Битола.

Резултатите од истрага треба да покажат под кои околности настанала несреќата.


Сандра Бошковска и Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.