24 Отворено - Поделбата на парите – ги вознемири уметничките души

Дали македонските уметници ќе пеат по нотите на Алаѓозовски, како што свиреа по нотите на Канчевска Милевска... Бараат ли уметниците преку леб – погача? Како да ја урбанизираме сцената, а да нема плачки по министерските кабинети? Поделбата на парите – ги вознемири уметничките души... За ова ли се боревме... Во 24 Отворено Бобан Милошевски од Авалон, Петрит Сарачини од Министерството за култура, композиторот Александар Ристовски Принц, Мирко Попов од PMG рекординг... Студиото е отворено за сите мали и големи ѕвезди на македонската естрада...

See video

Емисии

25.02.2018 - 21:58
Реформи во судството... Зошто Заев е на чело на Советот за очекуваната чистка на судиите - бизнисмени? Зошто делителите на правдата молчат пред налетот на граѓанското незадоволство? Кој и зошто ја игнорира меѓународната репутација Мирјана Лазарова - Трајковска? Кои се пораките до премиерот Заев дочекан во Берлин со државнички протокол?
24.02.2018 - 02:06
Го инспирираше ли празната фотелја на американскиот потпретседател Мајк Пенс, пратеникот Артан Груби па се истрча предвреме со детали околу најгорчливото прашање – спорот со името или пак Груби, како што му порача вицепремиерката Радмила Шеќеринска е „само премногу голем оптимист“... Што разговараше најдоверливиот соработник на Али Ахмети со преговарачот Метју Нимиц и во чие име Груби се сретна со медијаторот? Ќе го гласа ли мнозинството по инсистирање на ДУИ „на сила“ Законот за јазиците? Интервју со Артaн Груби, пратеник и претседател на собраниската комисија за европски прашања, како и член на ЦП на ДУИ и шеф на кабинет на Али Ахмети
23.02.2018 - 20:48
Интервју со министерката за образование и наука Рената Дескоска
23.02.2018 - 19:15
Тема: Грција го исполнува својот дел од спогодбата Заев - Ципрас преку неблокирање за членство во Јадранско - Јонската група