Аферата со затруените јајца се шири низ Европа

11.08.2017 | 19:56
Прочитано: 2373

Скандалот со затруените холандски јајца се шири низ цела Европа. Европската комисија информира дека јајцата контаминирани со инсектицидот „фипронил“ се нашле на пазарите во 15 земји членки на ЕУ, како и во Хонг Конг и во Швајцарија.

Во Холандија веќе се уапсени две лица, а повеќе од 180 фирми за живина се затворени. Инсектицидот е опасен, бидејќи може да ги оштети бубрезите на луѓето, црниот дроп и тироидните жлезди. Од македонската Агенција за храна и ветеринарство тврдат дека отровни јајца на македонскиот пазар, нема.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.