Агенцијата за филм си вратила 300.000 евра од сметката на „Јадран филм“

23.11.2017 | 17:59
Прочитано: 1299

Не стивнуваат препукувањата помеѓу македонската Агенција за филм и хрватската продукција Јадран Филм.

Од Агенцијата денеска соопштуваат дека со судско правосилно решение повлекле 300 000 евра од сметката на хрватската продукција, како резултат на неисполнувањето на договорот за производство на играната серија „Македонија“. Толкава била сумата на сметката на продукцијата во моментот кога била блокирана.

Целосната сум која била исплатена на хрватскиот продуцент Винко Грубишиќ е еден милион и сто илјади евра.

Како ќе се наплаќа остатокот ќе се знае по истрагата на јавното обвинителство и финансиската полиција, кои во моментов ја листаат целата документација од објавениот конкурс во декември 2015-та до 4 септември , кога и истече рокот за предавање на 14-те епизоди од серијалот – информираат од владината прес служба.

Директорот на Агенцијата за филм – Горјан Тозија ја обвинува продукцијата дека со пласирање на кратки видеа снимени во Загреб ја манипулираат јавноста дека имаат нешто сработено.

„Сега Грубишиќ е спремен да потроши илјадници евра за маркетинг кампања, да узурпира медиуми кои ќе му објавуваат некакви кратки сцени за да сее магла пред јавноста дека тој работи, ама ние не му даваме да доработи, но заборава на фактот дека не треба сега да снима и да пласира видеа, тој требало согласно договорот, веќе да има готови епизоди.“ - вели Горјан Тозија – Директор на Агенција за филм на Р. М.

Адвокатот на продукцијата пак во телефонска изјава за ТВ24 вели дека повлекувањето на средствата било незаконско. Одлуката за раскинување на договорот ја донел самиот директор без согласност од Управниот одбор. 300 000 евра кои биле на сметката биле наменети за снимање на историски делови од серијата.

„Тоиа сакав да потенцирам, дека управниот одбор кој е релевантен и сеуште постои и тој може да донесе одлука. Без одлука на Управен одбор, директор не може да донесе одлука за раскинување на догвороот и поради таквата незаконита одлука, се случија ваквите последици.“ –  вели адвокат на Винко Грубишиќ.

Адвокатот тврди дека продукцијата ги трошела парите законски и наменски, а за тоа имале и валидни финансиски и ревизиски извештаи кои како што вели ќе ги прикажат на суд.“.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.