Актерката Ирена Ристиќ повикана на распит во Јавното обвинителство

13.10.2017 | 09:32
Прочитано: 12365

Актерката Ирена Ристиќ е осомничена за предизвикување омраза на национална, верска и друга дискриминирачка основа. Јавното обвинителство ја повикало на распит на 13 октомври како осомничена. Поканата Ристиќ самата ја објави на фејсбук профилот.

Во дописот од Јавното обвинителство стои дека Ристиќ се повикува во својство на осомничена. Пред неколку месеци, актерката на својата фејсбук страна објави статус откако се прошири веста дека едно животно е повредено и дека му е неопходна помош. Циганите (поради некоја политичка, или не знам каква, коректност нарекувани Роми, као со тоа нивните злодела да добиваат на легитимитет или нивниот живот на квалитет) ја претоварувале, константно ја тормозеле Аурора и во даден момент нејзината нога пука, не може да додржи… паѓа! Циганите собираат сè што до претходно било на нејзиниот грб и ја оставаат така, падната и во бессознание, напиша Ристиќ во својот коментар.

Тв 24 се обиде да добие коментар од Ристиќ, но беше недостапна.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.