Актерот Владо Јовановски и режисерот Борис Дамовски со жалби за притворот до Апелација

06.12.2017 | 20:03
Прочитано: 7631

Актерите Владо Јовановски и режисерот Борис Дамовски на кои Кривичниот совет им ја преиначи мерката и од куќен притвор беа пренесени во истражниот затвор Шутка, поднеле жалба до Апелација. Информацијата за тв 24 ја потврдија од Апелацискиот суд во Скопје. Од Апелација велат дека предметот го испратиле на мислење до Вишо Јавно обвинителство, од каде што чекаат одговорот по жалбата на притворите.

Освен овие двајца осомничени, жалби поднеле и началникот во МВР, Митко Пешов, како и останатите двајца кои од домашен притвор завршија во притворското одделение во Шутка. Засега е неизвесно дали Апелација ќе одлучува уште утре или ќе има одлука в понеделник.

Инаку, во истражниот затвор Шутка од вчера има 25 притворени за терористичко загрозување на уставниот поредок, а меѓу нив се и тројца пратеници Сашо Василевски, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов.


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.