Ален Делон: Би си заминал веднаш од овој свет без жалење

12.01.2018 | 10:11
Прочитано: 3165

Француската филмска ѕвезда Ален Делон вели дека светот дотолку му здодеал, што би бил среќен веднаш да го напушти, но би сакал и неговото куче да појде со него.

„Го мразам времето во кое живееме, ми се гади од него... Се е лажно и само парите се важни... Ќе го напуштам овој свет без жалење“, изјави глумецот за списанието „Пари Мач“.

Тој притоа признава и дека и не бил најдобар татко за своите деца, од кои пак, едно се уште одбива да признае.

Делон, кој живее сам во куќа близу Париз, натаму нагласува дека сака само неговиот двегодишен белгиски овчар да го напушти светов заедно со него. Нему би му било подраго доколку ветеринарот се согласи да му вбризга инјекција на неговиот миленик за да починат заедно, отколку да го остави да пцовиса од тага на гробот на неговиот сопственик.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.