Амбасада на САД: Претстојните локални избори се важни за иднината на Македонија

12.10.2017 | 20:36
Прочитано: 946

Претстојните локални избори се важни за иднината на Македонија како просперитетна и стабилна демократија, целосно интегрирана во евро-атлантските институции – наведуваат во писменото соопштение од амбасадата на САД во Скопје.

Ги охрабруваме сите граѓани да го искористат своето право на глас, да ги искажат своите ставови за проблемите во нивните заедници и да ја реафирмираат својата определба кон демократските вредности и владеењето на правото. А граѓаните, цивилното општество и медиумите да ги пријават сите сознанија за изборни нерегуларности, додека надлежните органи целосно да ги истражат сите наводи за злоупотреба и да преземат соодветни мерки – се вели во соопштението од амбасадата на САД во Скопје.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.