Американците повикале тримесечно бебе на сослушување поради тероризам

18.04.2017 | 11:02
Прочитано: 6676

Американската Амбасада во Лондон повика тримесечно бебе на сослушување за тероризам, откако неговиот дедо направил грешка при пополнувањето на образецот за виза во Електронскиот систем за одобрување на патувањата (ЕСТА). 

„Гардијан“ пишува дека семејството на тримесечниот Харви Кенион Кернс планирало да отпатува од Велика Британија во градот Орландо, во американската соузна држава Флорида. 

Дедото на Харви, Пол Кенион на прашањето „Дали планирате или сте учестувале во терористички активности, шпионажа, саботажа или геноцид?“ кликнал на опцијата „да“, поради што момчето, кое живее во градот Пјонтон е повикано на разговор во Амбасадата во Лондон. 

- Не можев да верувам дека не сфатиле дека станува збор за грешка и оти бебе од три месеци не може никому да наштети, изјави 62-годишниот Кенион, кој подоцна сфатил што всушност се случило.

Тој изјави дека патувањето до Лондон траело речиси десет часа, што е повеќе од летот од Манчестер до Орландо, а грешката ги чинела и три илјади фунти (околу 3.537 евра). 

- Тоа навистина беше скапа грешка, но се надевав дека американската Амбасада ќе го забалежи тоа. Се сомневам дека терористите при пополнувањето на образецот ќе ја изберат опцијата „да“, рече Кенион. 

Тој додаде дека бебето при сослушувањето било мошне трпеливо и не плачело. 

„Размислував за тоа на сослушувањето да го донесам облечен во портокалов комбинезон, но не бев сигурен за смислата на хумор на вработените во Амбасадата, па се откажав. Сепак мојот внук не учествувал во геноцид, ниту во шпионажа. Всушност неколку пати ги саботираше пелените, но за тоа не кажав во Амбасадата“, рече Кенион.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.