Американски тенкови од Германија ќе се распоредуваат низ Источна Европа

11.01.2017 | 22:26
Прочитано: 6510

Американски Тенкови се истоварија во Германија овој викенд.

Распоредувањето, кое  исто така вклучува 3.500 американски војници, е да се заштити Источна Европа против потенцијален руската инвазија.

Во пристанишната област на германскиот град Бремерхафен истоварена е тешка воена опрема од оклопни возила до тенкови

Официјалното име за оваа манифестација на воена сила е операција „Атлантска разрешница“

Целта на оваа операција е да ги осигура европските сојузници на Америка дека војската на САД ќе застане со нив против агресивни потези од страна на Русија, како оној во 2014 година кога се случи инвазијата на Крим, кога руските војници пристигнаа во она што беше Украинска територија, и го припоија кон Кремаљ.

"Нашата намера е да се уверат сите оние кои се тука, во Европа,  дека ние сме посветени на мирот и безбедноста, и да испратиме сигнал до сите оние кои мислат различно од тоа, дека тоа нема да им функционира", рече Генерал-потполковник  Тимоти Реј, заменик-командант на европската команда. 

Одговорот на САД, е одлуката да се да се запре повлекувањето на американските трупи од Европа, и напротив, дури и да се појача нивното присуство, што претставува прво вакво „билдање“ од крајот на Студената војна.

Во текот на следната недела американските трупи ќе ја напушти Германија и да се стационираат во Полска, за потоа од таму да бидат распоредени низ цела Источна Европа.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.