Андреј Жерновски се повлекува од трката за градоначалник

13.09.2017 | 09:56
Прочитано: 6917

 

 

Андреј Жерновски ќе ја повлече кандидатурата за градоначалник на Општина Центар – соопшти премиерот Зоран Заев синоќа во емисијата Отворено. Жерновски се согласил да го поддржи кандидатот за градоначалник на СДСМ и за тоа прашање веќе се усогласени ставовите. Се уште е неизвесно кој ќе биде кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Центар, а во игра се повеќе имиња.

„Со Андреј Жерновски долги години имавме одлична соработка. Договоривме да биде активен чинител во централната власт, заедно зедовме збор каде што тој ќе учествува во сето она што претставува можност со неговата стручност, искуство или слично остава зад себе сериозни проекти. Има свој политички габарит и иднина, ќе учествува во централната власт, значи ќе ја повлече својата независна кандидатура и ќе застане зад кандидатот кој што ќе го одлучат органите и телата на СДСМ заедно со коалиционите партнери со тоа што неговата идна перспектива е во политичките органи на партијата. Веројатно ќе биде  еден од новите членови на централниот одбор, транспарентно зборувам  за договорите кои што ги постигнавме“, рече Заев.


 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.