Анџелина Џоли и Бред Пит ќе се разведуваат со приватен судија

10.01.2017 | 14:51
Прочитано: 3705

Холивудската двојка Анџелина Џоли и Бред Пит се договорија процесот на развод на бракот го водат во приватен аранжман. Тие, како што наведуваат во соопштението што го доставиле синоќа до агенцијата АП,деталите за својот развод во иднина ќе ги држат во тајност, а разводот ќе го води приватен судија. 

„Странските и нивните правни советници ќе го потпишат договорот за заштита на правата на приватноста на своите деца и семејството со држење во тајност на сите документи и ангажирање на приватен судија кој ќе ги донесува сите потребни правни одлуки и ќе го олесни брзото решавање на било какви прашања“, се наведува во соопштението. 

Родителите се обврзале да делуваат единствено, за семејството да се опорави и поторно да се собере. Ова е прво заедничко соопштение на двајцата актери во врска со нивниот развод откако Анџелина Џоли во септември поднесе барање а развод, а тогаш еден од нивните адвокати изјави дека тоа го направила поради семејството.

Властите ги истражуваат наводите дека Бред Пит го злоставувал нивниот петнаесетгодишен син за време на приватниот лет, но извори блиски на случајот, велат дека актерот е ослободен од вина. Приватните судии често се користат во случај на разводот на познатите, за многу детали од разводот да се сокријат од јавноста додека не се заврши. 

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.