Астероид ќе помине во близина на Земјата

12.10.2017 | 11:38
Прочитано: 1941

Астероид денеска ќе мине покрај Земјата и тоа на растојание колку три и пол нејзини пречници, односно една деветина од растојанието меѓу нашата планета и месечината.

Иако 44.000 километри делува како голема оддалеченост, во вселената ова растојание е многу мало. Сепак, според американската вселенска агенција НАСА, астероидот нема да се судри со нашата планета.

Европската ЕСА пак, ја процени ширината на астероидот на 15 до 30 метри, а пак брзината на 17 километри во секунда. Според податоците на НАСА, масата на вселенското тело изнесува околу 7.000 тони.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.