Биг бен во Лондон ќе биде замолчен до 2021 година поради генерален ремонт

14.08.2017 | 15:29
Прочитано: 302022

Големите ѕвона на кулата - часовник  Биг бен во Лондон која е еден од најпознатите симболи на британскиот главен град, ќе бидат „замолчени“ наредните четири години, до 2021, поради изведување на генерален ремонт.

Ѕвоната  последен пат се огласија денеска на пладне, а потоа ќе работи само часовникот, но без да се слушаат неговите ѕвона.

Досега, тие се огласуваа на секој час, за да го покажат точното време, како и на секои 15 минути со еден краток ѕвон.

Ваквиот ритам на Биг бен е воспоставен пред 157 години. Според соопштението на британскиот парламент, до чија зграда се наоѓа кулата, ваквата одлука морала да се донесе за да се заштитат работниците кои ќе бидат вклучени во обновата и поправките на кулата и на механизмот на часовникот.

Биг бен важи за најфотографираниот објект во Велика Британија. Кулата е висока над 30 метри, а неговите ѕвона се тешки 13, 7 тони.

Од пред неколку години, официјалното име на ова здание е „кулата Елизабет“, во чест на дијамантскиот јубилеј на британската кралица Елизабета - 60 години како е на британскиот престол.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.