Бојкот на следните избори?

11.01.2017 | 18:05
Прочитано: 14622
Алијансата на Албанците ги повика партиите на Албанците да бојкотираат евентуални нови предвремени избори доколку ниту еден политички субјект не ја прифати платформата со седумте барања и не обезбеди парламентарни мнозинство.
 
Зијадин Села вели дека сега е времето кога треба да се решат сите прашања што ги засегаат Албанците во спротивно политичката криза ќе земе поголем замав. Од БЕСА пак велат дека немаат добиено понуда од мандатарот Груевски за разговори на тема влада, но и да добијат, велат дека ќе одбијат соработка со инкриминирани политичари, било да се од ВМРО-ДПМНЕ или од ДУИ.
 
Ахмети и Груевски имаат договорено сценарио да глумат дека водат преговори, за на крајот и едниот и другиот да се прогласат за големи патриоти кои не прават отстапки, купуваат време, а излезот го гледаат во нови избори, велат од БЕСА.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.