Борисов: Темата за Балканот е приоритет

23.11.2017 | 14:08
Прочитано: 1165

Темата за Балканот е приоритет, а денешната средба е доказ за развојот на нашите односи, порача од Струмица бугарскиот премиер Бојко Борисов на почетокот на состанокот со неговиот домаќин  премиерот Зоран Заев.

На почетокот на првата заедничка седница на владите на Македонија и Бугарија двајцата премиери истакнаа дека  приоритет е  коридор  за земјите и за регионот.

Високата бугарска делегација која стигна со два хеликоптери под силно полициско обезбедување беше примена  во манастирот Водоча, крај Струмица, каде  ја пречека македонскиот премиер Зоран Заев, кој му заблагодари на својот бугарски гостин за посетата, истакнувајќи дека тој за него е прво пријател, а потоа колега.

Претседателите на владите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска положија венци свежо цвеќе пред споменикот на поранешниот претседател на Репубика Македонија, Борис Трајковски, во Струмица.

На средбата беа потпишани  девет  билатерални договори  од областа на надворешната политика, инвестициите, енергетиката, одбраната и туризмот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.