Британец објави дека е во четвртиот месец од бременоста

09.01.2017 | 15:32
Прочитано: 13962

Хајден Крос (20), од англискиот град Глостер, е првиот маж во Велика Британија кој јавно на Фејсбук објави дека е бремен.

Крос инаку е роден како девојче, но веќе три години е законски признат и живее како - маж. Веќе прима терапија за промена на полот, но одлучил - пред завршните операции да роди.

Така, идниот „татко“, кој на социјалните мрежи нашол донатор на сперма, сега е во четвртиот месец од бременоста.

По породувањето, ќе следат операции за отстранување на „неговите“ гради и јајници.

„Се израдував, но во истовреме знаев дека ова ќе ја забави промената на полот. Да се носи дете во утробата е женска работа и е во спротивност со чувствата во моето тело. Сакав дете сега, за да можам да го променам полот пред да остарам“, изјави Хајден за таблоидот „Сан“.

Натаму, тој вели дека кога детето ќе потпорасне ќе му каже за промената на полот, оти, како што вели, „трансексуалноста е вообичаена појава во денешнината“. 

Во 2008, Американецот Томас Бити беше првиот маж во светот кој објави дека е бремен. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.