Бројот на загинати во свлечиштата во Калифорнија се искачи на 18 лица

13.01.2018 | 11:13
Прочитано: 1226

Маж, на возраст од 87 години стана 18-тата потврдена жртва на свлечиштата во Калифорнија, соопштија на прес-конференција локалните власти.

Шериф на округот Санта Барбара, Бил Браун, соопшти дека уште шест лица се водат за исчезнати, но пред да заврши прес-конференцијата, тој се врати до микрофонот и со радосен тон соопшти тукушто добил телефонски повик дека еден од нив, 53- годишниот Џон Китинг, е пронајден.

- Тој е во болница надвор од регионот и се лекува. Значи на нашата листа на исчезнати луѓе останаа петмина, рече шерифот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.