Д-Р Жан Митрев одбележува 17 години од прва операција на отворено срце во Македонија

20.09.2017 | 18:31
Прочитано: 2508

Пионерски чекори во областа на кардиохирургијата во Р. Македонија, над 15 000 операции на срце, испишување на значајни поглавја во оваа област и чекори кои се водечки во областа на медицината не само кај нас, туку и во светски рамки се дел од досегашната успешна работа на еден од најистакнатите македонски кардиухирурзи Д-р Жан Митрев.

Пред 20 години, на своја 36 годишна возраст д-р. Митрев стана првиот Македонец кој пресади срце на Универзитетската клиника во Франкфурт, а пред 17 години, ја изведе и првата операција на отворено срце во Р. Македонија.

Ова беше повод да го одбележам мојот јубилеј и тема која долго време се обидуваме да ја поставиме на друг пристап во пристап на најтешко болните.“ - вели д-р. Жан Митрев – кардиохирург.

И покрај големото искуство, многуте направени чекори напред во областа на кардиохиругијата, сепак денес сеуште во Македонија административните пречки претставуваат причина поради која кај нас не се врши оваа интервенција.

2000-та година кога го потпишавме договорот со фондот ни беше дозволено и трансплатација на срце и бели дробови и таму застана.“ - вели Митрев.

Досега во Македонија се извршени вкупно 3 автотрансплантации т.е. трансплантации на сопствено срце, а според Д-р. Митрев бројката на луѓе кај кои има потреба за вакви интервенции е голема, тука вклучувајќи ги пациентите кои кои имаат вродени или стекнати здравствени проблеми, од најмладата популација - до онаа на 60 годишна возраст.


 


Јана Серафимова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.