Дачиќ: Албанци имаат намера да заземат некоја српска амбасада или конзулат поради Харадинај

10.01.2017 | 09:39
Прочитано: 7122

Министерот за надворешни рабопти на Србија, Ивица Дачиќ синоќа предупреди дека според безбедносни информации, во албанската дијаспора се планира заземање српско дипломатско-конзуларно претставништво во САД или Европа, за да се принуди Белград да се откаже од барањата за судење на Харадинај.

„Тоа покажува на што се се подготвени албанските политичари, па дури и на тероризам“, оцени Дачиќ.

„Имаме безбедносни информации дека во албанската дијаспора се планира заземање на некое наше дипломатско-конзуларно претставништво во САД или Европа. Со тоа Србија би била принудена да се откаже од барањето за судење на Харадинај“, нагласува Дачиќ во писмена изјава за српски медиуми.

Тој вели дека за ова е известена полицијата и безбедносните служби и сите српски дипломатско-конзуларни претставништва.

„Србија нема да се откаже од гонење на Харадинај, ниту од кого било што извршил злосторство против српскиот народ. И српскиот народ како и секој друг, заслужува правда“, заклучува Дачиќ.

Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати изјави дека по апсењето на Рамуш Харадинај би требало да се преиспита дијалогот меѓу Приштина и Белград.

Косовското Министерство за надворешни работа ја осуди изјавата на Дачиќ како „неприфатлива и подбуцнувачка реторика, што предизвикува дестабилизација“. Министерството оценува дека тоа е речник од 90-те години на минатиот век и страв кога Србија, како што тврди, „сама оркестирала напади и им ги припишувала на други“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.