Данец ја убил сопругата, четирите деца, па се самоубил

11.01.2017 | 10:15
Прочитано: 6994

Данската полиција соопшти дека четириесет и петгодишен маж ја убил својата сопруга, четирите деца, а потоа извршил самоубиство.

„Убиена е четириесет и двегодишна жена, две момчиња и две девојчиња, на возраст меѓу три и 16 години“, соопшти полицијата. 

Полицијата во соопштението ги отфрли медиумските шпекулации дека течење на гас е причина за смртта на семејството.

Засега не е познат мотивот, а полицијата не обелодени на кој начин се убиени. Семејната трагдија се случи во понеделник во едно село југозападно од Рандерс, на 185 километри северозападно од Копенхаген.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.