Дел од приговорите за оценувањето на судиите прифатени, дел отфрлени

11.01.2017 | 15:01
Прочитано: 1801

Дел од приговорите за повторното оценување на кандидатите за претседатели на Врховниот и Кривичниот суд се прифатени, а дел се отфрлени, изјави претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски.

„Приговорите се однесуваат во поглед на бодувањето што значи дека на дел од канидатите, чии проиговори се прифатени им е зголемен бројот на бодовите“, изјави Караџовски.

Во изјава за 24 Вести, Лидија Неделкова поранешната претседателка и кандидатка за претседател на Врховниот суд, вели дека и е скратено правото јавно да биде разгледан нејзиниот приговор и да биде образложено зошто при вонредното оценуцање не и биле прифатени научните трудови кои ги објавила.

Караџовски не беше прецизен кога ќе биде извршен конечниот избор, но претпоставува дека тоа ќе се случи до крајот на месецот.

 

Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.