Десеткилометарски олимписки маратон првпат на Охридското Езеро

12.08.2017 | 09:51
Прочитано: 2226

Во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008” денеска на Охридското Езеро ќе се одржи првиот Олимписки пливачки маратон во должина од десет километри.

Маратонот ќе се плива на најатрактивниот дел од езерото на патека покрај самиот Кеј „Македонија“, со старт на трката закажан точно на пладне, а првите пливачи на целта се очекува да пристигнат некаде два часа подоцна.

За регуларноста на трката ќе се грижат судии–делегати на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).

Интенција на организаторот е овој маратон како олимписка дисциплина да стане дел од официјалните натпревари вреднувани и бодувани од ФИНА.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.