Девет години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце

12.01.2017 | 08:47
Прочитано: 1019

По повод навршувањето девет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници на Воздухопловната бригада (ВБР) на АРМ, денеска ќе биде положено цвеќе на спомен-обележјата пред Командата на ВБР во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај катлановско Блаце.

Почит на загинатите ќе им оддадат делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда, ВБР, како и  членови на нивните семејствата.

На одбележувањето на годишнината од загинувањето на припадниците на ВБР, на местото на хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце, цвеќе ќе положи министерот за одбрана, Зоран Јолевски. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.