Дезертираше војник од Северна Кореја

13.11.2017 | 10:45
Прочитано: 3623

Јужнокорејската армија потврди дека еден севернокорејски војник успеал да пребегне во Јужна Кореја преку демилитаризираната зона.

Војникот успеал да помине низ заедничката безбедносна област во Панмунџом, дел од демилитаризираната зона во која војниците од двете страни се блиску еден до друг. Сепак, како што велат властите во Сеул, војникот при обидот за преминување низ зоната, се здобил со неколку прострелни рани откако врз него било пукано од севернокорејски војници.

„Нашата армија го прифати северно корејскиот војник откако тој ја премина границата. Војската е целосно подготвена да реагира на провокациите кои може да следуваат од страна на Северно Корејската армија“,се наведува во соопштението на генералштабот на јужнокорејската армија.

Ова е трето бегство на припадник на армијата на Северна Кореја во текот на оваа година. Претходно, во текот на јуни и јули, двајца војници успеаа да ја преминат демилитаризираната зона.

Од крајот на војната меѓу двете држави во 1953 година, најмалку 50 илјади севернокорејци успеаа да пребегнат во Јужна Кореја, но поголем дел од нив тоа успеаа да го направат преку Кина.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.