Два пенали им пресудија на надежите против Азербејџан

18.05.2017 | 21:08
Прочитано: 2789
Македонската репрезетација за фудбалери до 16 години претрпе пораз од Азербејџан на втората контролна средба, одиграна денеска на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
 
Нашите надежи примија два гола во првото полувреме, двата беа пенали и тие 2-0 останаа конечен резултат и до крајот. Првиот гол беше постигнат во 29. минута, а вториот во самиот финиш на полувремето.
 
Во првиот пријателски меч против Азербејџан, во вторникот, Македонија одигра 1-1.

Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.