Две лица повредени во сообраќајка во Кавадарци

23.09.2017 | 21:11
Прочитано: 1703

Две лица се повредени во сообраќајка што се случи вечерва на булеварот „Македонија" во Кавадарци, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

„Двајцата повредени при судар на две возила, се префрлени во кавадаречката општа болница“, изјави Додевски.

Увид на местото на настанот врши увидна екипа од Полициска станица од општа надлежност Кавадарци.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.