Џебен дрон за правење селфи, ќе чини 300 долари

25.11.2016 | 11:46
Прочитано: 2306

Британската стартап компанија AirSelfie Holdings изработи џебен дрон AirSelfie за снимање на фотографии или видеозапис од воздух, којшто е тежок вкупно 52 грама и може да лета вертикално три минути на висина од 20 метри.

AirSelfie може да се носи под маската на паметниот телефон, а со него се управува со помош на виртуелен џојстик на телефонот кога сакате да направите видео или фотографија.

Дронот е опремен со камера од пет мегапиксели којашто може да снима HD видеозапис, а со него има и SD картичка од 4 гигабајти.

AirSelfie е компатибилен со паметните телефони како што се iPhone 6, 7 и 7 Plus, Samsung Galaxy S7, Edge, Huawei P9 и Google Pixel. 

По снимањето на фотографијата или видеозаписот дронот ќе слета во рацете на корисниците, а снимената содржина по пат на Ви-фи мрежа се пренесува на телефон и без проблем се споделува на социјалните мрежи.

Уредот е достапен во претпродажба на сајтот Kickstarter и првите 1.000 нарачатели ќе имаат прилика да го купат по цена од 199 долари.

Регуларната малопродажна цена ќе биде 300 долари, а потрошувачите исто така ќе бидат во можност да купат два AirSelfie по цена од 478 долари.

Првите 3.000 уреди ќе се најдат во редовна продажба во март 2017 година.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.