Ѕидот на САД со Мексико ќе почне да се гради во текот на летото

21.04.2017 | 12:51
Прочитано: 1630

Изградбата на 15-метарски ѕид долж границата на САД со Мексико ќе започне во почетокот на летото- потврди  во интервју за телевизискиот канал Фокс министерот за национална безбедност на САД Џон Кели.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги разгледува можностите за соодветен изведувач на проектот, чија цел е да ја ограничи нелегалната миграција во земјата.

Според  Кели, околу 100 американски компании пројавиле интерес за извршувањето на договорот. Во последните 90 дена бројот на илегалните мигранти кои доаѓаат во САД од Централна Америка во Мексико, е намален за 70%.

Изградбата на ѕид долж границата со Мексико беше едно од главните ветувања на Трамп за време на предизборната кампања. По преземањето на функцијата тој потпиша декрет за изградба и изјави дека истата треба да започне што е можно побрзо. Се претпоставува дека тој ќе ја чини сад околу 21,6 милијарди долари.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.