Џулија Луис-Драјфус објави дека има рак на дојките

29.09.2017 | 12:49
Прочитано: 1152

Американската глумица Џулија Луис-Драјфус вчера и соопшти на јавноста дека боледува од рак на дојките.

„Една од осум жени добиваат рак. Денес јас сум таа“, напиша таа на Твитер.

„Добра вест е тоа дека ја имам најдобрата „група за поддршка“ во семејството, пријателите кои се грижат. Лошата вест е дека не сите жени се толку среќни, па така, ајде да се бориме против сите видови рак и да ја направиме општата здравствена заштита“, повика таа.

Актерката инаку, месецов ја освои 11-та Еми награда за улогата на Селена Маерс во комедијата „Veep“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.