Економски владини ветувања

06.09.2017 | 17:54
Прочитано: 1556

Дали после сто дена владење на Зоран Заев почна животот во Македонија или пак политиките на СДСМ имаат силен удар врз економијата, како што веќе обвини опозицискиот лидер Груевски.
Аналитичарите велат дека добро е што со новатра влада се тргна притисокот од бизнис секторот, кој поради политичката криза ги преживаа најтешките години.

„Очекуањето на сите беше преголемо дека новата влада во првите 100 дена  и ќе направи повеќе од што реално е за очекување, но можам да оценам дека има позитивна клима, мислам дека можеше малце повеќе“, вели  Фатмир Битиќи - аналитичар.

„Позитивни чекори кои што беа направени во изминатите 100 дена и најава за зголемување на транспарентноста на трошењето на јавните средства и креирањето на политиките преку вклучување  на поширока засегната група во тие  консултациски процеси“, вели Благица Петреси -  аналитичар.

Донесениот ребаланс со кој се направени големи кратења на непродуктивните трошоци, враќањето на евтината тарифа на струјата. Законите за стечајците, за минимална плата и укинувањето на радиодифузната такса, кои се во собраниска процедура, се добри решенија, но недостасуваат мерки на долг рок. Економситите се загрижени што Владата не се изјасни на кој начин ќе ја развива економијата.

„Министерството за финансии и вице премиерот за економија имаат различни цели. Едните најавуваат преку распределба на  доходот, други најавуваат дека економскиот раст ќе биде движен преку извозот“, вели  Благица Петреси – аналитичар.

„Мислам дека доста од мерките се во полза на локалните избори, во полза на политичката агенда“, вели  Фатмир Битиќи – аналитичар.

Аналитичарите се надеваат дека претстојните локални избори нема значајно да влијаат врз работата на компаниите. А предизвик на Владата е како ќе се справи со крупните реформи што веќе ги најави.

„Предизвик за Владата во следниот период  е како ќе се спроведат најавените реформи, дел од нив се крупни реформи како што е даночната реформа, воведувањето минимален гарантиран доход“, вели  Благица Петреси - аналитичар.

Може ли да се очекуваат нови инвестиции од странство. Аналитичарите сметаат дека новата власт влезе неподготвена на нив.

Заев изјави дека во изминатите 100 дена се обезбедени пари за мали и средни претпријатија и за домашни гринфилд-инвестиции. Груевски, пак рече дека економијата нема да може да се опорави ниту за неколку мандати откако ВМРО-ДПМНЕ повторо ќе се врати на власт.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.