Ердоган: Ќе им ги сечам главите на противниците

16.07.2017 | 20:36
Прочитано: 18890

Турција продолжува да го слави неуспешниот пуч. И денеска Анкара е центарот каде што се оддржуваат разни манифестации посветени на загушениот воен преврат. Претседателот Реџеп Таип Ердоган ја искористи можноста да најави дека смртна казна во Турција е реалност. На церемонијата на отворањето на меморијалниот центар посветен на околу 250 луѓе кои загинаа во неуспешниот пуч, Ердоган најави дека „ќе им ги сече главите“ на сите негови противници.

„Ако таква мерка биде разгледана и усвоена во Парламентот, ќе ја потпишам без двоумење, без разлика на ставот на меѓународната заедница. Европската Унија со години залудно и го губи времето на Турција. Ние сами ќе ги средиме работите за себе. Нема друга опција“, изјави Ердоган.

Најавата на Ердоган за враќање на смртната казна, според Европската Унија е потег што ефективно ќе стави крај на кандидатурата на Турција за влез во европското друштво. 

„Доколку се усвои овој закон, вратите на Турција за влез во Европската Унија засекогаш ќе бидат затворени. Раката на Европа е се уште подадена за Турција, но тие што сакаат да влезат во Унијата треба да ги почитуваат и нејзините вредности“, претседател на ЕК, Жан Клод Јункер.

Врските меѓу Турција и ЕУ станаа напнати кога европските влади изразија загриженост за размерот на остри мерки што следеа по државниот удар. Од тогаш до сега, 150.000 луѓе се отпуштени или суспендирани од своите работни места, а повеќе од 50.000 се уапсени.

Турскиот претседател пак одамна порача дека за влезот во Унијата, ќе одлучи турскиот народ преку референдум.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.