ЕВН ја исклучила струјата на инспециските служби на Деве Баир

19.05.2017 | 10:47
Прочитано: 3650

Поради неплатени сметки за струја ЕВН ги исклучи  канцелариите на Фитосанитарната управа и Агенцијата за храна и ветеринарство, на граничниот премин Деве Баир.

Оттаму велат дека инспекторите  рачно одобруваат влез на роба подлежна на инспекција или ќе ги носат компјутерите во некоја од шпедициите.

Дел од нив поради итноста на процедурите земале струја со продолжен  кабел од соседната шпедиција. Дежурен ветеринарен инспектор од агенцијата за храна со компјутерот бил во канцеларијата на шпедицијата Фершпед.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.