Европарламентарците во одбрана на Македонија

10.01.2017 | 19:52
Прочитано: 7533
Критики кон Србија за односот кон соседите особено кон Македонија по дадената изјава на Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ дека Србија не требала да ја признае Македонија под уставното име. 
Вака помина првото читање на драфт извештајот за напредокот на Србија во Европскиот парламент на кое остро реагираа европарламентарците  на Словенија Алојз Петерле и Иво Вајгл. Во своето излагање Вајгл истакна 
 
„Што се однесува до односите на Србија со соседите, како со Босна и Херцеговина, така и со преостанатите, тие тешко дека може да се опишат како прифатливи. Тука посебно мислам на изјавата на Дачиќ, во контекстот на признавањето на Република Македонија под нејзиното уставно име од страна на Србија,“ - дециден беше европратеникот Вајгл.
 
 Анализирајќи ги состојбите во регионот особено односите меќу Србија и Македонија неодамна во интервју за БНТ пак политичкиот аналитичар и новинар Коста Филипов изјави дека политичките елити на овие две земји се особено блиски без разлика на одредени конфронтации и дека случувањата на евроатлански план во Србија се слика за тоа што ќе се случува и во Македонија.
 
„Борбата меѓу истокот и западот во Македонија ја гледам преку призмата на она што се случува во Србија, поради блискоста на политичките елити на Македонија независно од која страна се и оние во Србија“ - вели Коста Филипов Новинар - аналитичар.
 
Сепак и според домашната и меѓународната експертска јавност амбициите кон западот и на двете земји се поголеми и покрај тоа што постојат одредени симпатии кон Москва.

Гаврил Сирачевки
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.