Фатиме Фетаи: Првостепениот суд очигледно ги измешал доказите

17.07.2017 | 14:11
Прочитано: 22912

Очигледно е дека првостепениот суд кога го носел решението за предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување на мерка притвор ги измешал доказите кои се предложени од наша страна со докази од некој друг предмет, изјави обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи.

Таа е обвинител во случајот во кој СЈО бараше притвор за Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ, обвинет во случајот „Титаник“.

„Во конкретниот случај не само што постојат околности коишто укажуваат обвинетите може да влијаат на постапката туку постои и нешто повеќе, постои страв кај сведоците за нивната лична безбедност и за безбедноста на нивните семејства. Затоа како застапник на овој предмет морав да цитирам и делови од исказите на тие сведоци пред повисокиот суд“, рече Фетаи.

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.