Федерален судија од Њујорк ја блокираше одлуката на Трамп да ја откаже програмата ДАЦА

14.02.2018 | 09:22
Прочитано: 458

Федерален судија од Њујорк ја блокираше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за укинување на програмата ДАЦА со која им се овозможува на млади имигранти кои илегално дошле во САД со своите родители, да учат и да работат во земјата.

Во јануари, исто така, федерален судија од Сан Франциско донесе одлука против откажувањето на оваа програма.

Новата судска одлука се однесува на тужбата против одлуката на Трамп, поддржана од обвинители од 17 држави.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.