Фени што поскоро да оди под стечај – бараат банките доверители

13.11.2017 | 18:49
Прочитано: 847

Банките доверители на кавадаречката „Фени“ реагираа на одлагањето на стечајната постапка и велат дека неосновано се одолговлекува процесот.

„Денешното барање за изземање на судот е сосема неосновано и  го сметаме за уште еден обид на сопствениците и нивните новоназначени претставници за одолговлекување на постапката за реорганизација и премин на Фени кон нормално функционирање и целосно работно ангажирање на вработените во „Фени Индустри“. Одлгагањето најмногу оди на штета на вработените и убедени сме дека сега и вработените и нивните синдикални претставници сфаќаат кој има намера да ја опструира и одолговлекува постапката. Со ова се генерираат дополнителни трошоци и се опструираат намерите на банките да се овозможи реорганизирање на „Фени Индустри“ во најкус можен рок. И покрај ветувањата, до денес не е доставена нова понуда од „Енекод“ и неосновано е побарано изземање на судот, со што намерно се оддолговлекува постапката. Евидентно е дека денешното одлагање е нивен обид за купување време, од за нас непознати причини, што штетно ќе се одрази најмногу по вработените, комбинатот, кредиторите и сериозните инвеститори”, стои во соопштението на банките доверители на фирмата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.