Фото: Мијалков дојде во Апелација, Грујевски на боледување

17.07.2017 | 15:03
Прочитано: 20266

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контразузнавање, Сашо Мијалков дојде во Апелациониот суд каде на седница треба да се расправа по жалбата на СЈО за мерката притвор која што се бара за него како обвинет во споениот случај „Таргет“ и „Тврдина“.

Во Судот не се појави поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски кој е обвинет во истиот предмет, со образложение дека е на боледување. 

Денеска во судот во тек се јавните седници по жалбите на СЈО и обвинетите во случаите на тимот на Катица Јанева. Иако СЈО бараше притвор за речиси сите обвинети во случаите, судот одреди поблаги мерки. 

Мерки не беа одредени ниту за координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими кој е обвинет во случајот „Титаник“.

Според обвинителката во случајот Фатиме Фетаи, првостепениот суд ги измешал доказите за овој случај. 

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.