Фрлена најмоќната ненуклеарна бомба

14.04.2017 | 19:17
Прочитано: 9991
Американските армија ја употреби најголемата бомба која не содржи нуклеарен материјал. GBU – 43 или позната како мајката на сите бомби беше фрлена врз комплекс на пештери во источниот дел на Авганистан. Со тежина од речиси 10 тони и цена од 15 милиони долари, таа е најголемата не нуклеарна бомба која Вашингтон досега ја има употребено.
 
„GBU – 43 е големо, моќно и прецизно оружје. Нашата цел беа систем на тунели и пештери кои ги користат борците на ИСИС  за да ја напаѓаат нашата армија во Авганистан.“ - изјави Шон Спајсер, портпаролот на Белата куќа.
 
Во нападот загинаа најмалку 36 припадници на исламска држава а според авганистанското министерство за одбрана, целосно е уништена базата на џихадистите во тој дел од државата.
 
Пофалба за нападот американската армија доби и од претседателот Доналд Трамп.
 
„Ја имаме најдобрата армија во светот и како и вообичаено тие ја завршија својата работа. Им дадовме целосно одобрение и тие одлично ја завршија  задачата.“ - изјави Трамп.
 
Сепак, за поранешниот претседател на Авганистан, Хамид Карзаи, ваквиот напад претставува најбрутална злоупотреба на земјата.
 
„Жестоко го осудувам фрлањето на најголемата ненуклеарна бомба во Авганистан. Останува на нас да ги сопреме Соединетие Американски Држави. Ова не е борба против тероризмот, туку злоупотреба на нашата земја за тестирање на нови и опасни оружја.“ - изјави Карзаи.
 
Бомбата за прв пат била произведена во 2003 година но досега никогаш не била употребена во војна. Според американските медиуми, за време на последниот тест на бомбата бил создаден облак кој можел да се види на далечина од 32 километри. Нападот на американската армија следувал откако минатата недела во истиот регион загинаа неколкумина припадници на специјални сили.
 

Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.