Гасификацијата закочена

14.11.2017 | 19:06
Прочитано: 1105

Експропријацијата на земјиште главна кочница за гасификацијата. Ресорниот министерр Горан Сугаревски – посочува дека за се предвидени 35 милиони евра, кои ќе се користат за да се направи експропријација на земјиште по трасите каде терба да се гради гасоводот. Најголеми проблеми се јавиле на кракот од Неготино до Битола, а ист бил случајот и на трасата од Скопје кон Тетово и Гостивар.

„Се работи и на дневна и на тековна основа гасификацијата и клучниот проблем е експропријацијата која се врши, конкретно од кракојт кој ги поврзува Неготино и Битола имаме проблем во делот пред Прилеп. Истиот случај и е кон Тетово“ - вели Горан Сугарески – министер за транспорт и врски.

Гасификацијата се најавува со децении и е еден од клучните адути на сите партии во сите изборните кампањи. Но граѓаните сеуште неможат да го почуствуваат бенефитот од греењето на гас. Претходната влада, ја позчна изгрдбата на делницата од Клечовце до Штип, која се градеше со пари од Рускиот долг кон Македонија. Но тогаш се тврдеше дека таа делница чини многу повеќе од она што претходно било предвидено. Потоа, следеуваа уште три тендери, за нови три делници и тоа од Штип до Неготино, следната е од Неготино до Битола и третата од Скопје прелу Тетово до Гостивар. Сите тендери ги доби една иста компанија. Освен за овие делници, за гасоводната мрежа во Скопје пак тендереот се поништија, а прти тоа се менуваше и концептот. Но сеуште нема конкретен став од актуелана влада за тоа во кој правец ќе се развива овој проект. Единствено во програмата на СДСМ е наведено дека тоа ќе биде нивни приоритет и ќе се доизгрди примарната мрежа во западниот дел од Скопје, како а ќе се работи и на секундарната гасоводна мрежа.


Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.