Гитара на Боб Дилан продадена за 400.000 долари

13.11.2017 | 12:23
Прочитано: 438

Гитарата на која американскиот музичар Боб Дилан ги отсвири најзначајните концерти во 70-те години на минатиот век, е продадена за 396.000 долари, соопшти аукциската куќа „Херитеџ" од Далас.

Дилан, со својата акустична гитара „Мартин Д-28" од 1963 година, меѓу другото, свиреше и на концертот на Џорџ Харисон во Њујорк, во 1971, кој се одржа за помош на Бангладеш, а во рамки на турнејата „Rolling Thunder Revue".

Гитарата ја продаде Лери Крег, кој соработуваше со Дилан и беше задолжен за неговите гитари.

Оригиналната потврда за купопродажбата на гитарата покажува дека Крег претходно ја откупил од Дилан, заедно со една друга гитара од 1977 година, за само 500 долари.

Сепак, гитарата „Фендер Стратокастер" со која Дилан во 1965 година свиреше на Фестивалот во Њупорт, кога и „прејде на електроника", на аукција во 2013 година беше продадена за речиси еден милион долари.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.