Ѓорческа против американката Викери ги стартува квалификациите за Австралија Опен

11.01.2017 | 15:09
Прочитано: 1146

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа доби тешка противничка во првото квалификациско коло на Австралија Опен.

Нашата тенисерка ја доби американката Саша Викери за противничка во првото квалификациско коло од Австралија Опен.

21-годишната американка е рангирана на 135-тото место на ВТА ранг листата, за разлика од Ѓорческа која е рангирана на 202-рото место.

Американката е голем фаворит во дуелот со нашата тенисерка која ќе се обиде да направи изненадување во овој дуел кој е предвиден да се одигра во три часот по полноќ, во зависност од траењето на натпреварите кои се играат претходно.

Во групата од осум тенисерки е и првата носителка во квалификациите, 26-годишната Стефани Фогел од швајцарија, рангирана на 111-тото место на ВТА ранг листата.

Форматот на натпреварување вели дека за да се стигне до главниот турнир потребно е да се минат три квалификациски рунди.

 

 


Душко Постолов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.