Годишнината од Рамковниот договор го премисли Џафери-седница утре ќе нема

12.08.2017 | 21:57
Прочитано: 6884

Собранискиот спикер Талат Џафери се премисли-утрешната седница иако закажана,се одложи. Пратениците веќе добиле смс порака дека седницата планирана за утре се презакажува за в понеделник.

Според неофицијалните информации од собранието,седницата се одложува поради активностите на дел од политичарите околу одбележувањето на утрешната годишнина од потпишувањето на рамковниот договор.

Опозицијата денеска побара да не се работи во текот на утрешниот ден,но Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа седницата и  им порача  токму тие со бројните реплики на нивните говорници ја поставиле динамиката на работа на Собранието.

Собраниската сала денеска беше речиси полупразна, а атмосферата за разлика од вчера мирна.


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.