Голем пожар во близина на фабрика за пиротехника во Тирана

11.08.2017 | 09:35
Прочитано: 1520

Голем пожар избувна синоќа во селото Куч крај Тирана, при што пламените јазици се прошириле во должина од 3 до 4 километри.

Освен противпожарни возила и десеттици пожарникари, во гаснењето се вклучиени и многу припадници на албанската армија, како и доброволци, чиј приоритет е да се спречи проширувањето на пожарот во правец на блиската фабрика за пиротехнички средства.

Побарано е во гаснењето да се вклучи и авион.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.