Грчката Влада го обвини ММФ за забавување на преговорите со кредиторите

20.04.2017 | 18:27
Прочитано: 1544

Повторното разгледување на проценките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Грција докажува дека воздржаноста на Фондот, што доведе до сериозни забавувања во преговорите со кредиторите, беше неоправдана, изјави денеска портпаролот на грчката Влада, Димитрис Џанакопулос.

„Преразгледувањето на проценките на ММФ после првиот грчки суфицит во 2016 година докажува дека воздржаноста на Фондот, што доведе до сериозни забавувања како по првата оценка (по изполнувањето од  страна на Атина на спогодбата со кредиторите), така и по втората оценка, беше неоправдана“, забележа Џанакопулос.

Во текот на есента ММФ прогнозираше првичен суфицит во износ од 0,1 процент од БДП до крајот на 2016 година, а сега Фондот очекува суфуцит од 3,3 отсто од БДП, вели Џанакопулос и посочи дека владата ќе продолжи интензивно да работи за да ја исполни сеопфатната спогодба за завршување на втората проценка.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.