Грчкиот парламент усвои нови економски мерки

19.05.2017 | 10:04
Прочитано: 879

Доцна синоќа  грчкиот парламент  ги усвои новите економски мерки, кои претходно беа договорени од страна на грчката влада и кредиторите на земјата, во замена за нова транша меѓународна помош.

Нацрт-законот, што предвидува нови намалувања на пензиите од 2019 година, зголемување на даноците и ограничување на социјалната помош, беше одобрен од 153 пратеници од владејачкиот блок на коалицијата на радикалната левица  и партијата „Независни Грци“. „Против“ гласаа 128 грчки пратеници.

Пред зградата на грчкиот парламент синоќа се собраа речиси 10.000 лица, за да протестираат против усвојувањето на новите економски мерки.  Група млади лица фрлаа врз грчката полиција молотови коктели, а силите на редот користеа солзавец за да ги растераат демонстрантите. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.