Грција го забрани тешкиот товарен сообракај на граничниот премин Евзони

11.01.2017 | 20:34
Прочитано: 1621
Стотина камиони цистерни  заглавија во мегуграничниот простор кај Богородица откако грчките власти утрово ги спуштија рампите за влез на тешки моторни возила.
 
Забраната за тешкиот товарен сообракај доага поради лошите временски услови и состојбата на патиштата во северна Грција. Ова е информацијата што македонските погранични власти ги добиле од граничниот премин Евзони утрово околу 2 часот. Превозниците велат дека со часови чекаат информација кога ќе бидат пуштени на грчка страна
 
Освен во мегуграничниот простор, камиони со разновидна сторка чекаат и пред граничниот премин Богородица. Македонските погранични служби ги информираат превозниците дека Грција го забрани тешкиот товарен сообракај и немаат информација кога ќе бидат кренати рампите за влез и транзит низ Грција. За разлика од тешкиот нормално фунцкионира патничкит сообракај на Богородица - Евзони.
 
 

Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.