Грција пред клучна одлука - ќе гласа за нови економски мерки

18.05.2017 | 18:21
Прочитано: 1339
Новите мерки за штедење кои во себе вклучуваат намалување на платите и пензиите – а зголемување на даноците трет ден ги извадија грчките граѓани на улица. Предлог мерките ги прифати коалициската влада на Алексис Ципрас со цел да добие нов заем од меѓународните кредитори за спас на земјата. 
 
Од усвојувањето на новиот предлог-закон ќе зависи дали на средбата на еврогрупата на 22 мај ќе биде донесена одлука за исплата на нова транша од кредитите за спас на Грција. 
 
Основното сценарио на кое секој работи е да имаме генерален договор на 22 мај, со дефинирање на среднорочни мерки за долгот и ратификација на Договорот на техничко ниво, изјави портпаролот на грчката Влада, Димитрис Цанакопулос.
 
„Пораките што ги добиваме и од политички и од финансиски сектори докажуваат дека сме до последната фаза и веројатно на 22 мај или некој ден подоцна ќе имаме договор.“ - изјави Цанакопулос.
 
Ваквите мерки превземени од страна на грчкиот Парламент веќе трети ден предизвикуваат масовни протести, штрајкови низ земјата организирани од страна на грчките синдикати, како и судири меѓу полицијата и демонстрантите.
 
Со овие мерки Атина се согласи да исплати долг од 3,6 милијарди евра, средства што треба да се обезбедат со намалување на пензиите и давачките во државниот сектор и со зголемување на даноците. Во согласност со договорот, примената на овие мерки треба да започне по 2018 година, откако ќе истече сегашната програма за спас, и треба да бидат имплементирани во период од две години, односно во текот на 2019 и 2020 година.

Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.